Стариот компјутер треба да се подари

Bez autora
Nov 24 2011

Стариот компјутер, телефон или друг електронски апарат не треба да се фрли, туку да се подари. На тој начин некому се прави добрина, а се заштитува и животната средина. Ова се пораките од Меѓународната конференција е-општество.мк што се одржува во Скопје. Конференцијата е во организација на фондацијата „Метаморфозис“ и е дел од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“, чија цел е подигање на јавната свест за лошото справување од електронскиот отпад. Ако апаратите, сепак, се неупотребливи, не смеат да завршат на депонија, туку треба соодветно да се третираат. Електронскиот отпад содржи многу вредни метали, како што се злато и сребро, кои се многу штетни за природата и за здравјето на луѓето. Тоа не е ѓубре, туку треба да се искористи како секундарна суровина или да се рециклира.

Стариот компјутер треба да се подариСтариот компјутер, телефон или друг електронски апарат не треба да се фрли, туку да се подари. На тој начин некому се прави добрина, а се заштитува и животната средина.

Ова се пораките од Меѓународната конференција е-општество.мк што се одржува во Скопје. Конференцијата е во организација на фондацијата „Метаморфозис“ и е дел од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“, чија цел е подигање на јавната свест за лошото справување од електронскиот отпад.

Ако апаратите, сепак, се неупотребливи, не смеат да завршат на депонија, туку треба соодветно да се третираат. Електронскиот отпад содржи многу вредни метали, како што се злато и сребро, кои се многу штетни за природата и за здравјето на луѓето. Тоа не е ѓубре, туку треба да се искористи како секундарна суровина или да се рециклира.

Деновиве во неколку града низ Македонија се спроведува и акција поддржана од Министерството за животна средина за собирање истрошени батерии и друг електронски отпад. Пред големите маркети ќе бидат поставени пунктови каде што граѓаните ќе можат да се ослободат од својот отпад, а притоа да бидат сигурни дека тој понатаму безбедно ќе се третира.

Според директорот на „Метаморфозис“, Бардил Јашари, развојот на информатичките и информациските технологии позитивно влијае на севкупното живеење, но истовремено и негативно, бидејќи се создаваат големи количини отпад.

„Во домовите имаме разни уреди кои по некое време амортизираат и ги фрламе како и сите некорисни работи, но електронските уреди имаат токсични материјали и ако отпадот од нив не се менаџира правилно, има штетно влијание врз животната средина, а со тоа и врз здравјето на луѓето“, истакна Јашари. Најкреативен начин за справување со електронскиот отпад, според него, е тој да се реупотреби. „Стар компјутер од некоја компанија може да се искористи во библиотека во помала средина или да се преработи во индустрии кои ги третираат материјалите што се користат во изработката на тие уреди“, појасни Јашари, додавајќи дека во Македонија има големи количини електронски отпад.

Ања Френч, претставничка на невладина организација од Велика Британија, според искуството од својата земја, препорача електронскиот отпад што содржи благородни метали да не се извозува во други земји, туку да се рециклира и повторно да се искористува во земјата. Тоа е можност за компаниите да отворат нови бизниси и капацитети за рециклирање, а државата има обврска да создаде услови за тоа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik